Нови главоболки за Роналд Куман

261

Поразот и лошата игра на Барселона против Баерн Минхен на отварањето на Лигата на шампиони не се единствени проблеми за тренерот, Роналд Куман.

Жорди Алба и Педри ќе мора да бидат надвор од терените поради повредите кои ги заработија токму на овој меч.

Педри има повреда на квадрицепсот на левата нога и ќе биде надвор најмногу 15 дена, додека Алба има има проблем грбот и според шпанските медиуми ќе мора да паузира околу еден месец.

Двајцата  им се придружија на Агуеро, Дембеле, Фати и Брајтвајт на листата на повредени.

ПретходноЛеон Горецка и официјално ја продолжи соработката со Баерн Минхен
СледноПеро Антиќ се збогува со Дуда (ФОТО)