Од Милан до Судува: Хонда потпиша за литванскиот вицепрвак

304

Легендата на јапонскиот фудбал Кеисуке Хонда го продолжува своето патување по егзотични фудбалски дестинации. Како што објавија денеска медиумите, нова дестинација на Јапонецот ќе биде Литванија, каде Хонда потпишал договор со лидерот во литванскиот шампионат Судува.

Хонда го напушти португалски Портимоненсзе на 12 февруари и оттогаш е слободен играч. Пред тоа тој го носеше дресот на азербејџански Нефтчи Баку, а играше и за Витесе, Мелбурн Виктори, Пачука…

ПретходноЛЕ: Елмас и Наполи се вратија од „мртвите“ – од 2:0 до 2:2 (ВИДЕО)
СледноДеспотовски е нов одбојкар на црногорскиот шампион Будва