Перо Антиќ се збогува со Дуда (ФОТО)

413

Кошаркарска Европа денеска се збогува со легендарниот тренер, Душан Ивковиќ. Еден од најдобрите стратези на сите времиња почина во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови.

Дуда предводеше многу тимови и освои бројни титули. Тој беше тренер на Перо Антиќ во Олимпијакос, двајцата ја освоија титулата во Евролига. Имаа одлична соработка и останаа во комуникација и по разделбата во Олимпијакос.

Ивковиќ беше гостин во Скопје во првиот мандат на Атниќ како претседател на КФСМ, беше дел од тренерската клиника.

Денеска и Антиќ се збогува со Дуда преку социјалните мрежи.

 

ПретходноНови главоболки за Роналд Куман
СледноГолманот на Клуб Бриж ги пецна фудбалерите на ПСЖ по ремито