У17: Македонија играше, Србија ја полнеше мрежата

1168

Убедлив пораз на македонската селекција до 17 години против Србија на пријателски турнир кој се играше на терените на ФФМ.

Резултатот од 0:5 е сосема нереален според она што се случуваше на теренот. Непостоечки пенал за Србија, па втор гол, а потоа шанси, пречка, статива и утнат пенал за Македонија, за на крај Србија со уште три гола да ги казни сите утки на Македонија.

Николашевиќ во 26. минута не реализираше пенал, но одбиената топка стигна до него и забива за водство. Истиот играч во 63. минута со глава реализира за 0:2.

Следуваше нашата најдобра шанса кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски. Потоа во 68. минута статива на Ѓоргиевски од 20 метри. Топката никако не сакаше во голот на Србија ниту по досудениот пенал кој не го реализираше Ѓоргиевски во 70. минута.

Затоа седум минути подоцна казна и 0:3. Стрелаше Вукичевиќ. Во 85. минута од пенал погодува Станковиќ, синот на легендарниот Дејан Станковиќ, а истиот играч во последните мигови од средбата стави точка на „петардата“.

ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР У-17

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА               0:5 (0:1)

Спортски центар „Петар Милошевски“ во Скопје.

Стрелци: Николашевиќ 26’, 63’, Вукичевиќ 77’, Станковиќ 85’ (п), 90’.

МАКЕДОНИЈА: Стојановиќ, Аризанкоски, Стојилевски, Марковски, Јаневски, Ѓоргиевски, Зенделовски, Манојлов, Стојанов, Елмас, Назифи.

Резерви: Талевски, Серани, Здраковски, Мељичи, Саботковски, Нухија, Јамини, Богдановски, Фидани.

СРБИЈА: Маринковиќ, Ѓекиќ, Букинац, Мајсторовиќ, Серафимовиќ, Шљивиќ, Станковиќ, Николашевиќ, Милошевиќ, Ковачев, Пиваш.

Резерви: Лијескиќ, Митровиќ, Вукичевиќ, Бубањ, Луковиќ, Недељковиќ, Мирчетиќ, Радојчиќ, Колариќ, Џодиќ, Симин, Илиќ.

ПретходноФормиран распоредот за Првата кошаркарска лига: МЗТ стартува во Битола, Работнички оди на МЗТ Уни Банка
СледноПетар Канзуров го смени тимот на Малта