Шевченко преговара за селекторското место во Турција

132

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко, е еден од кандидатите за функцијата селектор на турската репрезентација.

Меѓу кандидатите е и Стефан Кунц кој досега седеше на клупата на германската репрезентација до 21 година.

Претходно беше објавено дека Кунц ја посетил Турција на покана од Фудбалската федерација на земјата. Специјалистот рече дека е премногу рано да се зборува за постигнување договор меѓу него и турската страна. Поранешниот селектор на турската репрезентација Шенол Гунеш се повлече од функцијата откако беше поразен од Холандија во квалификациите за СП 2022 година со резултат 1:6.

ПретходноГо победи канцерот и се враќа на терените по 10 месеци пауза
СледноБарса со триумф над Флензбург ја почна одбраната на титулата во ЛШ