Штутгарт и Пешевски влегоа во црна серија

77

Жарко Пешевски и Штутгарт го запишаа третиот пораз во низа во Бундес-лигата. Тимот на македонскиот репрезентативец на домашен терен беше совладан од Гопинген со 27-34 во рамките на третото коло.

Гостите беа подобар противник во текот на целиот меч, на полувремето имаа предност од 11-15, па не беше тешко да го одржат ритамот. Пешевски беше стрелец на два гола од четири обиди.

Пораз број два во Бундес-лигата забележаа Филип Миркуловски и Вецлар, беа совладани на гости кај Магдебург со 30-26.

ПретходноКЛ: Тотенхем извади реми во Франција (ВИДЕО)
СледноБенитез: Стартот на Евертон е речиси перфектен