Е.Пелистер 2 го запиша првиот триумф оваа сезона. По поразот од првиот битолски состав, избраниците на Александар Јовиќ дојдоа до важна победа и тоа на сметка на Бутел Скопје, го совладаа со 30-27.
Атанасијевиќ со седум гола, Кузманоски и Џукиќ со по шест гола беа најефикасни кај домаќинот, на другата страна Мојсоски со 10 гола беше прв стрелец на мечот.
Возбудливо беше и на езерското дерби. Дуелот меѓу Струга и Охрид понуди вистинска битка, на крајот гостите успеаја да слават со 19-21. Ракометарите на домашниот тим имаа позитива од 16-13 пред самиот крај, но противникот со серија од 4-0 поведе со 16-17, по што дојде и до плус два за сигурни бодови.
Шилегов имаше седум гола, еден помалку запиша Николов, во редовите на Струга, Блажевски беше стрелец на седум гола.