Наполи на нашиот Елиф Елмас се врати од „мртвите“ на гостувањето кај Лестер и успеа да се избори за нерешени 2:2 во еден од најинтересните вечерни мечеви од 1. коло во групната фаза на Лигата на Европа. Домашните поведоа со 1:0 преку Ајозе Перез уште во 9. минута, за Барнс во 64. минута да зголеми и на 2:0.
Сепак упорноста на гостите, особено по влегувањето на Елмас во игра даде резултат. Нигериецот Осимен со два гола во 69. и 87. минута успеа да ги врати наполитенаците во игра и на крајот да освојат макар бод.
Интересен меч одиграа и ПСВ и Реал Сосиедад. Домашните први поведа со голот на Гетце, но гостите со головите на Јанузај и Исак успеа да направат комплетен пресврт до крајот на полувремето. Во вториот дел Холанѓаните не чекаа многу за израмнување. Гакпо погоди во 54. минута и ги врати на 2:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат на мечот.
Група “А”:
Брондби – Спарта Прага 0:0
Ренџерс – Олимпик Лион 0:2
Група “Б”:
Монако – Штурм Грац 1:0
ПСВ Ајндховен – Реал Сосиедад 2:2
Група “Ц”:
Лестер Сити – Наполи 2:2
Група “Д”:
Олимпијакос – Антверпен 2:1
Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче 1:1