Манчини: Сега не размислувам да водам клуб

134

Роберто Манчини, предводникот на италијанскиот национален тим во интервју за италијански медиум зборуваше за можноста да се врати на клупскиот фудбал.

„Имав неколку понуди во текот на летото, но сега не размислувам да се вратам на клупскиот фудбал. Максимално сум фокусиран на репрезентацијата, и сакаме да направиме успех на Мундијалот во Катар“, рече Манчини.

Се шпекулираше за негово враќање во Интер, или, пак, за превземање на Реал Мадрид или Тотенхем уште пред ЕП, но тој ги одби сите понуди и остана во Италија со која го освои трофејот на Европското првенство.

ПретходноВо Загреб тепачка меѓу навивачи, приведени седум Британци
СледноИтен состанок во Барселона – се „готви“ смена на Куман!?