Митревски тргна со пораз, Динамо го урна Келце, ПСЖ падна во Веспрем

221

Никола Митревски и Порто со пораз ја отворија новата сезона во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Мотор беа совладани со 30-27.

Домашниот состав одигра одлично во првото полувреме, имаше предност од пет гола (15-10).  Порто успеа да ја намали негативата од првиот дел, но немаше сили за целосен пресврт. Македонскиот репрезентативен голман мечот го заврши со осум интервенции, односно 25% ефикасност.

Во Веспрем се одигра одличен натпревар. Унгарскиот тим за кого настапува Дејан Манасков славеше против ПСЖ со 34-31.

Се чинеше дека Раул Гонзалес и неговите момци се на добар пат да дојдат до целиот плен, но Веспрем со серија од 4-0 поведе со 28-26, па со 31-28. Тука веќе беше јасно дека бодовите ќе останат во Унгарија. Дејан Манасков зад своето име имаше „нула“, Јахија Омар со десет гола беше прв стрелец.

Чави Пасквал во првиот меч на кормилото на Динамо Букурешт во Лигата на шампиони дојде до победа и тоа не било каква, го доби дуелот со Келце (32-29). Триумфот е сосема заслужен ако се земе во предвид дека романскиот состав постојано го диктираше темпото, по првото полувреме водеше со 16-12.

ПретходноМанчини: Селекторската работа е најдоброто нешто
СледноЕ.Пелистер 2 го реши Бутел, езерското дерби за Охрид