Навивачите на Атлетико не му простија, жесток пречек за Гризман (ВИДЕО)

529

Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид по неуспешната авантура во Барселона. На вчерашната средба против Порто, влезе во 56. минута. Никој не очекуваше дека навивачите на шпанскиот тим ќе го исфиркуваат, се чини нема брзо да забрават дека го замени Атлетико за Барса.

Тој во периодот од 2014 до 2017 година го носеше дресот на „јорганџиите“, постигна 133 гола, а одигра 257 меча.

Во 2019 година замина за Барса, за него Атлетико доби 120 милиони евра, две години подоцна го зема без оштета со можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

ПретходноПСЖ во паника по ремито со Клуб Бриж
СледноТажни вести од Србија: Почина легендарниот тренер Душан Ивковиќ