ПСЖ во паника по ремито со Клуб Бриж

343
0

Моќниот тим на ПСЖ киксираше во првото коло во Лигата на шампиони, на гостувањето кај Клуб Бриж одигра без победник (1-1).

Покрај тоа што изгубија два бода, „светците“ можат да останат без Килијан Мбапе, кој во 51. минута поради повреда го напушти теренот. Иако се чинеше дека не станува збор за нешто сериозно, сепак ќе следи малку подолга пауза.

„Не е добро. Мбапе го повреди зглобот, ваков проблем имаше и претходно. За денеска се закажани прегледи, па ќе имаме подетални информации“, изјави Маурицио Покетино.

Претходно“Бомба“ од Кавадарци: Влатко Костов на клупата на Тиквеш, се чека на промоцијата!
СледноНавивачите на Атлетико не му простија, жесток пречек за Гризман (ВИДЕО)