Во средата Борусија Дортмунд за прв пат одигра натпревар со новите трети дресови. Но, навивачите се бесни поради дизајнот, па затоа својот револт го искажаа кон клубот, а од „милионерите“ веднаш реагираа и ќе го сменат истиот.
Пума смислила третиот дрес да биде со амблемот скоро неприметен, додека е истакнато логот на компанијата.
Навивачите се разочарани што прво го нема логот, а второ не се наоѓа на левата страна, туку е кон средината.
Од таборот на Дортмунд смируваа велејќи дека „дресот нема да биде онака како што е на фотографиите“, но беше таков и се заканија дека нема да го купуваат.
„Дресот секогаш може да го поларизира мислењето, но критиките од навивачите ги сфаќаме сериозно“, вели генералниот директор на клубот Карстен Крамер.
„Жал ни е поради нивниот бес и сакаме да се извиниме. Ќе го земем во предвид за идните дресови“, рече извршниот директор на Пума.