Дерби Каунти оди под административна управа и ќе му oдземат 12 поени!

357

Поранешниот премиерлигаш Дерби Каунти се најде во големи финансиски проблеми кои никако да ги реши, па поради тоа одлучи да побара да оди под административна управа која ќе треба да го спаси клубот од банкрот.

На Дерби токму поради финансиските проблеми и пад под административна управа ќе му бидат одземени 12 поени оваа сезона. Дерби досега освои седум поени што значи дека ќе падне на последното место и ќе продолжи со минус поени.

Првиот човек Нил Морис мораше да повлече ваков потег и да го даде под администрација затоа што неколку години не може да ги „среди“ финансиите. И покрај проблемите тренерот Вејн Руни одлучи да остане и да му помогне на клубот.

ПретходноПјаца со гол во финишот му донесе победа на Торино (видео)
СледноПеле повторно заврши на интезивно