Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше добар настап за Шалке на мечот од 7. коло во втората германска лига. Шалке играше со Карлсруе и загуби со 1:2. Чои ги доведе гостите во предност во првата минута, а изедначија домашните со голот на Терод на претходна асистенција на Чурлинов.
Во 72. минута Чурлинов излезе, а влезе Ајдин. До крајот Шалке прими уште еден гол и загуби.
Шалке е на осмото место со три победи, едно реми и три порази.