Само кусо откако македонската одбојкарска репрезентација ги заврши настапите на Европското првенство во Финска, техничарот на нашиот национален тим, Филип Деспотовски успешно ги заврши преговорите за неговиот нов клуб следнава сезона.
Деспотовски во новата сезона ќе го носи дресот на црногорскиот шампион Будва.
„Се договорив со Будва. Ќе настапувам за нив во Лигата на шампионите, што е нивен приоритет, а секако во првенството во тој завршен дел, плеј-офот, во битката за титулата. Веќе три дена сум во Будва, тренирам со момците, а почнуваме и со пријателски мечеви“, ни изјави Деспотовски.
Минатата сезона нашиот репрезентативец ја заврши во Естонија.