Зидан и Конте чекаат нов „кикс“ на Солскјер за да го сменат на клупата на Јунајтед

565

Раководството на Манчестер Јунајтед нема да му прости на менаџерот Оле Гунар Солскјер уште еден „кикс“ сличен на овој кај Јанг Бојс во Лигата на шампионите. Спортед островските медиуми, раководството на клубот нема да толерира такви резултати и при следното такво разочарување Солскјер може да се збогува со тренерското место во тимот.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марџио од поодамна објави дека фаворит број еден за наследник на Солскјер е Зинедин Зидан, кој е без работа откако го напушти Реал Мадрид на крајот од минатата сезона. Исто така, опција е и човекот кој го доведе Интер до титулата во Серија А минатата сезона – Антонио Конте.

ПретходноПо една година емиграција: Торонто Репторс се враќаат дома
СледноХит-видео: Патрис Евра брутално го исмеа Роналдо за „проблемот“ со овците (ВИДЕО)