Игуаин: Постигнав 26 голови, а тие ги носат Бензема и Кака!

666

Гонзало Игуан (33) во моментов игра за Интер Мајами во МЛС. Тој деновиве во едно интервју, се присети на моментите кога играше во Реал Мадрид, а да се потсетиме дека играше и за екипите на Наполи, Јувентус, Милан и Челзи. Во свое време Аргентинецот беше еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Во Реал Мадрид одигра 264 натпревари а постигна 121 голови…

Капело во првата сезона ми даде шанса редовно да игра, постигнав 26 голови, само еден помалку од Роналдо. И кога заврши сезоната, во летниот преоден рок гледам дека раководството на клубот ги донесе Бензема и Кака. Си реков па колку голови треба да дадам? Ова не е можно“ рече покрај другото Игуаин.

Инаку, за волја на вистината, во таа сезона тој даде 27 голови а Роналдо еден помалку. Така барем велат фактите.

ФОТО: Real Madrid FC

ПретходноИ Германците се побунија против ФИФА!
СледноМакедонија загуби со 8:0 од Англија на стартот од квалификациите за СП