Прво УЕФА, па потоа речиси сите федерации од Јужна Америка, пред некој ден и Англичаните, а денеска и Германците се побунија против идејата на ФИФА да Мундијалот се одржува на секои две наместо како што беше досега, на четири години.
Имено УО на ДФБ (Германската фудбалска Федерација), напомена дека ФИФА не го почитува своето правило со тоа што предлогот го изнела пред група на некогашни фудбалери и дека такви промени не можат да се прават без да се консултираат европските федерации и европскиот фудбал.
ФОТО: DFB.de