И официјално: Влатко Костов е нов “шеф“ на Тиквеш!

1018

Она што вчера Спортмедиа ексклузивно го најави, попладнево е и официјализирано. Имено Влатко Костов е нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш. Откако кавадарчани се разделија со Пане Блажевски, штипјанецот седна на клупата на Тиквеш.

Можам и официјално да кажам дека Влатко Костов е новиот тренер на Тиквеш. Му се заблагодаруваме на досегашниот тренер Пане Блажевски, а со Костов верувам дека ќе имаме успеси во иднина. Треба да се каже дека на мечот со Брегалница во Штип, екипата ќе ја предводи Маџунаров и помошниците, Костов своето деби ќе го има наредниот викенд и тоа поради административни причини“ ни изјави Миле Масларков, првиот човек на ФК Тиквеш.

ПретходноIN MEMORIAM: Љупчо Санев (1963 – 2021)
СледноПрослава за паметење: Атракцијата на Рамадани во Кавадарци!(ФОТО)