Коман на операција поради проблеми со срцето

192

Баерн Минхен денеска соопшти дека врз Кингсли Коман е извршена мала операција поради тоа што имал проблеми со срцето.

На последниот лекарски преглед е востановено дека Коман имал едно помало отчукување на срцето, и тоа му правело проблеми во дишењето.

„Коман вчера имаше мала операција. Неговите отчукувања на срцето не беа правилни, затоа што имал дополнителено мало отчукување кое му правело проблем. За момент би останал без здив. Во клубот ја следеа ситуацијата и заклучија дека мора на операција“, изјавија од Баерн.

ПретходноМурињо после победата од 5:1: Не сум задоволен…
СледноИсторија за клубот: РК Алкалоид утре го игра својот прв официјален натпревар!