Македонија загуби со 8:0 од Англија на стартот од квалификациите за СП

162

Очекувано, англиската женска фудбалска репрезентација убедливо ја совлада македонската репрезентација на „Ст.Мери“ во Саутемптон во 1. коло од квалификациите за СП 2023 година. Македонките не можеа да се одбранат против големите англиски ѕвезди иако добро се држеа некаде до 40-тата минута кога губеа само со 1:0.

Англичанките имаа тотална доминација и го решетаа нашиот гол од сите страни (80% посед на топка). Тун во 12. минута го отвори резултатот, а зголеми Вајт, додека Живиќ со авготол донесе 3:0 за Англија на полувреме.

Во второто полувреме продолжи опсадата кон нашиот гол. Повторно погоди Вајт, по неа мрежата два пати ја затресе Ингланд, Коларовска си постигна автогол, а конечните 8:0 ги постави напаѓачката на Арсенал Бетани Мед во судиското продолжение.

Следниот меч ни е против Австрија на домашен терен на 21 септември.

ПретходноИгуаин: Постигнав 26 голови, а тие ги носат Бензема и Кака!
СледноМане викендов брка уникатен рекорд во Премиер лигата!