Мане викендов брка уникатен рекорд во Премиер лигата!

206

Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане е пред остварување на уникатен рекорд во најсилного англиско фудбалско првенство. Ливерпул е домаќин на Кристал Палас во меч од 5. коло на Премиер лигата. Ако Мане постигне гол против „орлите“, тој ќе стане првиот фудбалер во историјата со голови во девет едноподруго натпревари против еден ист противник.

Мане реализираше гол(ови) на осум дуели по ред со Палас, а таа серија почна на стартот на сезоната 2017/18. 28-годишниот напаѓач на претходниот меч постигна два гола против Палас, а тогаш Ливерпул победи и обезбеди место во ЛШ. Освен тоа следниот гол на Мане ќе биде 100-ти за Ливерпул во сите натпреварувања.

А менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ја брка 10-тата победа над Кристал Палас.

 

ПретходноМакедонија загуби со 8:0 од Англија на стартот од квалификациите за СП
СледноФалкао го одбра бројот 3 на дресот, а објасни и зошто