Двата македонски клуба кои ќе играат во АБА2 лигата, МЗТ Скопје и Пелистер, ќе го стартуваат натпреварувањето од Златибор, за каде е предвиден првиот „балон“.
Истиот ќе се одржи од 10.10 до 14.10, и во него ќе бидат одиграни два меча. Потоа вториот балон е во Осиек од 08.11 до 12.11, а следните ќе бидат одиграни во: Сараево (13.12-19.12), Бања Лука (17.01-23.01), и во Широки Бријег (21.03-27.03).
Во првите два балони ќе се играат по два, додека во последните три балони по три натпревари.
Откако ќе се комплетира регуларниот дел, првопласираните осум продолжуваат за разигрување за пласман во АБА.
Во Златибор, МЗТ Скопје ќе одигра во Младост и Рогошка, додека битолскиот тим ќе игра со Ловќен и со Сутјеска.
Целиот распоред на следниот ЛИНК.