Милан без Ибрахимовиќ на дербито со Јувентус в недела

175

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој се опоравува од најновата повреда на Ахиловата тетива, тренира по индивидуална програма и мала е веројатноста дека ќе се најде на теренот за престојното дерби со Јувентус во Серија А. Ибра не беше дел од тимот на „росонерите“ ниту на мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите оваа недела.

Играчот за врска Тиемуе Бакајоко, кој заработи повреда на мускулот на натпреварот против Лацио, најверојатно ќе се опорави дури за натпреварот против Аталанта на 3 октомври. Сепак, ниту Јувентус нема да биде комплетен на неделното дерби во Торино.

Играчите на Јувентус, Федерико Киеза и  Федерико Бернардески, го пропуштија натпреварот од Лигата на шампионите против Малме, но се вратија на тренинзите со тимот. Прашање е дали се подготвени да бидат стартери во составот на Алегри.

ПретходноНавивачите на Наполи се тепаа со полицијата на стадионот на Лестер (ВИДЕО)
СледноКаталонците признаа: Лекарите на Барса погрешно го лечеле Брајтвејт