Мино Рајола, еден од најпознатите менаџери во светот, кој воедно е и менаџер на Пол Погба, денеска најави дека репрезентативецот на Франција би можел следното лето да си замине од Манчестер Јунајтед и да се врати во Јувентус.
Иако се шпекулираше со преселба на Погба во ПСЖ, Реал Мадрид или Барселона, сепак треба да се земат в предвид зборовите на Рајола.
“Договорот на Погба со Јунајтед истекува следниот јуни. Ние веќе разговаравме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Јувентус? Пол и натаму го сака Торино. Постои шанса да се врати во Јуве, да, ама тоа зависи и од плановите на клубот“ посочи Рајола.