Жозе Мурињо, тренерот на Рома после победата над софиска ЦСКА, истакна дека не е задоволен од изданието на неговиот тим, и покрај тоа што „волчицата“ славеше убедливо со 5:1.
„Не игравме добро. Не ми се допадна“, рече и објасни:
„На моменти бевме добри, се формира силен тим, но веќе разговаравме околу тоа дека мораме да бидеме тим кога ќе паднеме во тешки моменти. Сепак, воопшто не сум задоволен од ова издание. Немаше квалитет. Пред два дена трениравме нешто друго, а сега на теренот беше сосема поинаку. Изгубивме многу дуели. Не можам да кажам дека бевме лоши, но не бевме ниту добри за да дојдеме до ваква убедлива победа“, кажа Португалецот.