„На Меси, Нејмар и Мбапе најдобро да им викнеме такси да ги врати во одбрана“

990

Меси, Нејмар и Мбапе играа заедно првпат по доаѓањето на Лео во Париз во вторникот во Лигата на шампионите, но многумина беа шокирани со оскудните 1:1 против Бриж на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.

Критиките за настапот на ѕвездениот тим на парижани не престануваат, а особено беа гласни некогашните фудбалери на ПСЖ кои сега работат како стручни аналитичари на дел од француските ТВ-канали. Според многумина, проблемот на ПСЖ на мечот во Белгија беше тоа што на споменатите тројца им требаат три топки за да може да функционираат. Бидејќи, нивните квалитети во одбраната не се баш нешто по што се препознаваат, Омар да Фонсека вели дека: „Кога ќе ја загубат топката, на ова трио му е потребно такси за да се вратат во одбрана“.

„Паредес и Вајналдум не се видоа. Ако сакате да играте со сите тројца, потребни ви се играчи од средниот ред способни да ја зачуваат топката, плејмејкер кој ќе го држи тимот во средината. Јасно не барам нов Чави или Иниеста, но мораа да направат нешто по тоа прашање“, дополни поранешниот играч на ПСЖ.

ПретходноЛука Циндриќ мора да оди на операција на рамото
СледноСловенците се премислија, нема да го менуваат селекторот Матјаж Кек