Пеп: Нема да се извинам, не сакам да бидеме како Јунајтед, Ливерпул, Баерн, Реал и Барселона!

1024

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, по мечот со Лајпциг во ЛШ, истакна дека на тимот му е потребна поголема поддршка, односно потребна е поголема посета на трибините, од таа што ја добива од своите фанови. Овие негови зборови наидоа на жестока критика кај фамовите на Сити, но Гвардиола нема намера да се извинува…

Нема да се извинувам за тоа што го кажав. Јас само ги поканив да дојдат и да уживаат во нашите натпревари. Луѓето ми ставаат зборови во уста. Јас ги знам нашите фанови и знам колкава поддршка даваат на клубот. Тоа го знам и затоа ги почитувам. Луѓето погрешно го разбраа мојот коментар и бараат мое извинување, но нема да се извинам зошто не сум направил грешка. Да кажам и тоа дека не сакам да бидеме како Јунајтед, Ливерпул, Баерн, Барса или Реал. Ние ја знаеме добро нашата клупска историја“ рече Гвардиола.

Претходно„Шверцерите“ во еуфорија: Шкупи по една година пауза се враќа на Чаир!
СледноIN MEMORIAM: Љупчо Санев (1963 – 2021)