Емран Рамадани, искусниот напаѓач на Ренова, отсекогаш важел за атрактивен играч, и не само поради головите кои ги постигнува, туку и поради начинот на кој истите ги прославува. Па така во неделата во Кавадарци против Тиквеш, тој на својот тим во 24.минута му донесе водство, а за паметење беше неговата прослава која во еден здив ја проследија домашните фанови.
Како некогаш Фаустино Асприља и Хуго Санчез.