Токискиот маратон за 2021 и дефинитивно е откажан!

82

Маратонот во Токио, еден од најпознатите во светот, и дефинитивно е откажан. Трката низ улиците на главниот град на Јапонија прво требаше да се одржи на 7 март, па потоа одложен за 17 октомври, но поради коронавирусот кој и натаму беснее во Токио, овој маратон и дефинитивно за оваа година е откажан. Ова е најновата одлука на организаторот на трката на која по традиција учествуваат најмалку 25.000 тркачи од цел свет.

Сакаме искрено да им се извиниме не само на натпреварувачите туку и на волонтерите како и на сите кои го очекуваа овој настан“ изјави директорот на маратонот Такаки Хајано.

Следното издание на Токискиот маратон е закажано за 6 март 2022 година, но само ако ситуацијата со короната го дозволи тоа.

ФОТО: Tokyo Marathon Facebook

ПретходноТРАНСФЕРМАРКТ: Никој како Лука Станковски и Шкендија!
СледноВлатко Костов тргна со Тиквеш