Радамел Фалкао се врати во шпанската Ла Лига по осум години, но сега ќе игра за Рајо Ваљекано. Иако е напаѓач Фалкао го одбра дресот со број 3 кој обично го носат дефанзивци. Колумбиецот кој со Рајо потпиша двегодишен договор објасни зошто го одбрал овој број. Тој ја одбрал тројката во чест на татко му кој го носел овој број кога играл фудбал.