Борусија Дортмунд им се извини на навивачите за изгледот на дресовите

246

Во средата Борусија Дортмунд за прв пат одигра натпревар со новите трети дресови. Но, навивачите се бесни поради дизајнот, па затоа својот револт го искажаа кон клубот, а од „милионерите“ веднаш реагираа и ќе го сменат истиот.

Пума смислила третиот дрес да биде со амблемот скоро неприметен, додека е истакнато логот на компанијата.

Навивачите се разочарани што прво го нема логот, а второ не се наоѓа на левата страна, туку е кон средината.

Од таборот на Дортмунд смируваа велејќи дека „дресот нема да биде онака како што е на фотографиите“, но беше таков и се заканија дека нема да го купуваат.

„Дресот секогаш може да го поларизира мислењето, но критиките од навивачите ги сфаќаме сериозно“, вели генералниот директор на клубот Карстен Крамер.

„Жал ни е поради нивниот бес и сакаме да се извиниме. Ќе го земем во предвид за идните дресови“, рече извршниот директор на Пума.

ПретходноМЗТ и Пелистер стартуваат со „АБА2“ од Златибор
СледноМурињо после победата од 5:1: Не сум задоволен…