Најлошите предвидувања за Мартин Брајтвејт се потврдија. Данскиот напаѓач беше опериран за да ја реши повредата на левото колено, но сега ќе мора да паузира подолго време, откако и Барселона во соопштението призна дека погрешила во конзервативниот третман на „повреда на пателофеморалната коска“.
Интервенцијата ја извршија лекарите Хуан Карлес Монлау и Жорди Пуигделавол, под надзор на докторите на клубот, објави самата Барселона. Во соопштението, Каталонците потврдуваат дека медицинските служби на каталонскиот клуб направиле грешка во лекувањето на данскиот напаѓач, кога се обиделе да го вратат играчот со вообичаен метод на физиотерапија. Тие дури го ставија фудбалерот на терен за да го тестираат минатата сабота, а тоа донесе ужасни резултати. Фудбалерот ќе отсуствува минимум три до четири месеци и сигурно е дека повеќе нема да игра оваа година.