Лука Циндриќ мора да оди на операција на рамото

275

Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Циндриќ ќе мора на нова операција. Како што потврдијаод неговиот тим Барселона, Циндриќ има потреба од операција на рамото откако се повреди на синоќешниот натпревар против Флензбург. Лекарите веруваат дека тој ќе се врати на паркетот за четири до шест недели.

Европскиот шампион Барселона го победи германски Флензбург со 25:21 на отворањето на оваа сезона од Лигата на шампионите, а хрватскиот играч се повреди во 12. минута.

„Штета е што ваков важен играч се повреди“, рече на крајот на средбата тренерот Карлос Ортега, за кого ова беше деби на клупата на Барселона во Лигата на шампионите, откако актуелниот тренер Чави Пасквал си замина.

Циндриќ е веќе третиот повреден играч на каталонскиот клуб на самиот почеток на сезоната, бидејќи левото крило Тим Н’Гесан и левото крило Аитор Арино беа повредени пред него.

ПретходноХит-видео: Патрис Евра брутално го исмеа Роналдо за „проблемот“ со овците (ВИДЕО)
Следно„На Меси, Нејмар и Мбапе најдобро да им викнеме такси да ги врати во одбрана“