Пјаца со гол во финишот му донесе победа на Торино (видео)

169

Екипата на Торино ја забележа втората победа во италијанската Серија А. Вечерва го совлада Сасуоло во гости со 1:0. „Биковите“ беа подобар противник, во првото полувреме имаа неколку убави шанси за водство но не ги претворија во гол.

Во второто Сасуоло даде гол кој беше поништен поради офсајд. Се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, но да не биде така се погрижи Марко Пјаца кој неколку минути откако влезе во игра со убав удар ја погоди противничката мрежа.

Сасуоло остана со четири бода, а Торино има шест.

ПретходноЊукасл и Лидс одиграа реми – и натаму се без победа во Премиер лигата (видео)
СледноДерби Каунти оди под административна управа и ќе му oдземат 12 поени!