„Шверцерите“ во еуфорија: Шкупи по една година пауза се враќа на Чаир!

720

Во недела е фудбалски празник во скопската населба Чаир. Имено по една година пауза, екипата на Шкупи се враќа во својот фудбалски храм, на својот стадион на Чаир. Секако фановите на еден од нашите најголеми клубови се во еуфорија. Ќе можат да бодрат своите миленици од својот стадион, кој е модернизира, со една нова трибина и нов терен, секако и нови придружни елементи.

Интересно, Шкупи на Чаир последен пат играше против Борец на 03.10.2020 кога победи со 3:0. А во недела на Чаир, во првиот меч од враќањето повторно игра со Борец.

Секако дека ова ќе биде уште еден голем мотив повеќе за момците на стратегот Гоце Седлоски да покажат и докажат дека оваа сезона е нивна и дека со сите сили ќе атакуваат на шампионските пехар, а се знае дека на Чаир тешко се освојуваат бодови од страна на гостите.

И поради самата атмосфера која ја прават “шверцерите“.

На крај да кажеме дека додека се реконструираше стадионот на Чаир, екипата на Шкупи своите натпревари како домаќин ги играше на “Борис Трајковски“ во Маџари и на ФФМ.

ПретходноЛудогорец – Црвена Звезда на неутрален терен?
СледноПеп: Нема да се извинам, не сакам да бидеме како Јунајтед, Ливерпул, Баерн, Реал и Барселона!