Александар Влахо: Дуелот со “лавовите“ за Работнички ќе биде нов испит!

106

По неколкуте добри игри и победи пред се, Работнички утре во рамките на 7.коло во ПМФЛ го очекува градскиот дуел со Македонија ЃП, меч кој се игра во Ѓорче. За разлика од “лавовите“, Работнички игра во одлична форма, но во последно време тешко доаѓа до бодови на гости кај Македонија ЃП.

Тренерот на тимот од Градски Парк, Александар Влахо вели дека ова за неговиот млад тим е нов, голем испит:

Победите над Брегалница и Слога Виница во купот го оставаме зад нас, сега пред нас е нов, голем испит кој се вика Македонија ЃП. Јасно е дека не чека тешко гостување, Македонија ЃП е квалитетен тим, меѓусебните мечеви со “лавовите“ секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај. Сметам дека ќе победи оној кој што грешките ќе ги сведе на минимум. Очекувам и се надевам дека нашите играчи утрешниот меч во Ѓорче ќе го одиграат според реномето на Работнички“ заклучи стратегот на Работнички.

ПретходноИсторија за паметење: Дебитантот Алкалоид убедлив на стартот (ФОТО)
СледноБраво: Фантастичен гол на Миовски со “ножички“ во Купот на Унгарија! (ВИДЕО)