+1
По подолго време навивачите во првенството на Албанија се вратија на трибините и веднаш скандал. Имено на дуелот меѓу Динамо Тирана и Лачи, кој се играше синоќа, еден гостински фан тргна да се пресметува со нашиот Агим Ибраими. За среќа обезбедувањето веднаш реагираше и не дојде до поголем инцидент, инаку и не знаеме зошто баш му беше лут на Агим кој е познат како мирна личност и голем спортсмен.