Столе одбрани пенал, деби – гол на Фалкао, Рајо убедлив против Хетафе! (ВИДЕО)

446

Уште една одлична партија на Столе Димитриевски на голот на Рајо Ваљекано. Попладнево, во меч од 5.коло во Ла Лига, Македонецот успеа да одбрани пенал во 85.минута на дуелот против Хетафе и тоа не резултат 3:0.

Унал шутираше од белата точка во левиот долен агол, но Столе успеа да го одбрани тој шут и мечот да го зварши со “чиста“ мрежа.

На овој меч својот прв гол во дресот на Рајо Ваљекано го постигна и Радамел “Тигре“ Фалкао, кој стрелаше за 3:0 во 82.минута. Претходно головите за домашниот тим ги постигнаа Трехо од пенал во 9.минута и Цис во 78.минута.

ПретходноМихаил Маневски: Брегалница ја чека тежок дуел против мотивираниот Тиквеш!
СледноНов шок “Камп Ноу“: Екс – тренерот на Барса бара отштета од 14 милиони евра!