Борис Бекер со најжестока одбрана за Ѓоковиќ

475

Борис Бекер во изјава за шпански АС го коментираше статусот на Новак Ѓоковиќ во однос на Роџер Федерер и Рафаел Нада.

Некогашниот тренер на српскиот тенисер смета дека Ноле е неправедно запоставен кога станува збор за тениската и човечката големина во споредба со двајцата споменати тенисери.

„Јавноста и медиумите треба да бидат навикнати дека постојат тројца играчи, а не двајца, кои се најдобри и како луѓе и како тенисери. Неприфатливо е, Новак Ѓоковиќ секогаш да биде претставен како лош човек, а Роџер Федерер и Рафаел Надал како добри момци. Тоа не е фер. Се надевам дека говорот и рекацијата на последното УС Опен финале ќе ги натера да го променат своето мислење“, изјави Бекер.

Тој се надева дека сите ќе имаат еднаков третман кон Ноле, како што Србинот го прави тоа.

„Ноле дури и јавно го бранеше Циципас за она што го направи во полуфиналето со Медведев, тој секогаш е полн со поддршка за играчите. За ова треба да се зборува. Новак има разбирање за сите и се надевам дека поради него и неговото семејство во иднина ќе биде третиран како што тој ги третира сите околу себе“.

ПретходноВо Битола се бара перфекција, Прилеп по ново изненадување
СледноШаховскиот Клуб Алкалоид подготвен за Европскиот клупски Куп 2001