Брентфорд ги шокираше “волците“ на нивни терен!

86

Убав фудбал во меч од 5.коло во Премиер – лигата меѓу Вулфси и Брентфорд, меч кој заврши со 2:0 за гостинскиот тим. Според се она што беше видено на средбата и апсолутно заслужено. Во 28.минута од пенал Тони носи водство од 1:0. Две минути подоцна истиот играч постигна уште еден гол, но ВАР го поништи. Во 34.минута по асистенција на Тони, Мбеумо стрелаше за 2:0. Ретко кој можеше да очекува дека тој резултат тогаш ќе биде и конечниот. Во 65.минута гостите останаа со играч помалку, а бадијала беше иницијативата и шансите на “волците“ кои сепак на крајот го загубија овој натпревар.

ПретходноПрвиот човек на Бадел: Сите зборуваат за родова еднаквост, но во пракса сликата е поинаква!
СледноКостов: Криво ми е што не можам да го водам Тиквеш утре во Штип!