Вардар поразен: Лена со “паненка“ за триумф на Велешта! (ВИДЕО)

2453

Вардар е шокиран во Велешта, поразен е со 2:1 од истоимениот домашен тим во меч од 4.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.

Големиот фаворит добро го почна мечот, успеа со 1:0 да поведе преку Николов во 37.минута. Велешта израмни во 57.минута преку Даути, а во 62.минута видовме мајсторија на Нијас Лена. Тој, откако претходно беше досуден пенал за домашните, со “паненка“ го измами Илиќ и успеа со мајсторски гол да му донесе голема победа на својот тим.

Пред година -две ретко кој можеше да помисли дека еден Вардар ќе ги губи од Велешта во меч од Втора лига.

Ова е втор пораз на вардарци во изминатите четири кола сезонава.

Да кажеме дека во последните секунди од мечот вардарци ја погодија пречката на Велешта, а последните 20 минути ги играше со играч помалку откако беше исклучен Мартин Блажевски.

 

ПретходноНов шок “Камп Ноу“: Екс – тренерот на Барса бара отштета од 14 милиони евра!
СледноЏенова поразена од Фиорентина, Пандев влезе во вториот дел