Попладнево од 15 часот се играат сите пет натпревари од 4.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека дербито се игра во Кратово каде се среќаваат домашниот Силекс и Воска Спорт. Кратовци под водство на стратегот Горазд Михаилов имаат три од три, покажаа дека играат во добра форма, додека Охриѓани под водство на тренерот Раде Цицмиловиќ посакуваат во најмала рака да останат непоразени. Кога играат првиот и вториот на табелата тогаш тоа е дерби од кое се очекува интересен и неизесен меч.
Вардар пак гостува во Велешта.Незгодно гостување кај тимот кој во средата на пенали среде Прилеп ја совлада Победа во 1/16 финалето од Купот на Македонија.
Во останатите мечеви Беса го дочекува Кораби, Кадино игра дома со Гостивар а Тетекс му гостува на Охрид.
ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
ВЕЛЕШТА – ВАРДАР
БЕСА – КОРАБИ
КАДИНО – ГОСТИВАР
ОХРИД – ТЕТЕКС