Слога Виница и во четвртиот меч оваа сезона во ВМФЛ – ИСТОК, успеа да извојува победа, и тоа против прилепска Победа со 2:1. Момците на тренерот Никола Кузманов просто се незапирливи. Попладнево на свој терен во водство дојдоа со голот на Митревски во 3.минута. Израмни Спиркоски во 21.минута, за да Коцевски во 90.минута и донсе победа на Слога Виница. Па така и по 4.коло Слога Виница е осамена на врвот на табелата на истокот.
Кит Го просто го „парчоса“ Братство на негов терен совладувајќи го со 4:0. Беласица извојува важна победа над Кожув во Гевгелија, а добрата форма Саса ја потврди и денеска победувајќи го Детонит со 1:0. И на крај да кажеме дека Осогово и Локомотива одиграа 2:2.
РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО
БРАТСТВО – КИТ ГО 0:4
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА 1:2
САСА – ДЕТОНИТ 1:0
СЛОГА (В) – ПОБЕДА 2:1
ОСОГОВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА 2:2