Е. Пелистер продолжи доминантно во Суперлигата. Еден од главните кандидати за титулата на домашен терен славеше против Струга со убедливи 45-20 за трета победа во низа.
Гостите беа немоќни пред избраниците на Жељко Бабиќ, уште по првото полувреме беше познато името на победникот. Е. Пелистер имаше двоцифрена позитива од 22-11, доволно за мирни 30. минути.
Павлетиќ постигна осум гола, Табоада запиша 6, по пет имаа Кушан и Костоски. На другата страна Дуковски беше стрелец на пет гола.