Ливерпул продолжи победнички, триумф и на Арсенал, „кикс“ на Сити (ВИДЕО)

140

Ливерпул дојде до четвртата победа од пет натпревари во Премиерлигата, откако денеска лесно го совлада Кристал Палас со 3:0 на свој терен. Мане, Салах и Кеита го донесоа триумфот на „црвените“ кои сега имаат 13 бода од првите пет кола.

Арсенал со голот на Одегард од слободен удар го совлада тимот на Барнли на гостински терен, со што ја врза и втората победа по ред во Премиерлигата.

Манчестер Сити не успеа на домашен терен да го „скрши“ отпорот на Саутемптон и одигра само 0:0. Избраниците на Гвардиола одиграа слаб меч. Ја имаа доминацијата, но упатија само еден шут кон голот на противникот.

Норич на домашен терен беше поразен од Ватфорд со 1:3.

 

ПретходноЕ. Пелистер перфектно до “три од три”
СледноАтлетико и Атлетик одиграа „нула“ во Мадрид