Веспрем продолжи во победнички ритам. По триумфот над ПСЖ во Лигата на шампиони, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, на гостински терен го совлада Ференцварош со 27-30.
Вицепрвакот за малку се спаси од пораз. Домашниот состав одлично му се спротистави на фаворитот. На одморот Веспрем имаше негатива од четири гола 16-12. Ференцварош водството го имаше до пред самиот крај, кога Веспрем со серија од три гола дојде до победа.
Дејан Манасков беше стрелец на два гола од пет обиди. За Веспрем ова беше трета победа во исто толку одиграни натпревари.