Марко Марин потпиша за Ференцварош

349

ФОТО: FRADI.HU

Поранешниот германски репрезентативец Марко Марин има нов клуб. Тој го напушти Ал Ахли од Џеда и се врати во Европа, поточно во редовите на унгарскиот шампион Ференцварош.
Марин кој е роден во Босанска Градишка, а кариерата ја градеше во Германија. Почна во Борусија Менхенгладбах, па продолжи во Вердер, беше член на Челзи но не се изнаигра бидејќи беше позајмуван во Севиља, Фиорентина, Андерлехт, Трабзон, а во 2016 година потпиша перманентен договор со Олимпијакос. Од 2018 до 2020 играше за српскиот првак Црвена Звезда, а потоа отиде во Ал Ахли и неколку месеци играше како позајмен во Ал Раед.

Пред неколку денови за Ференцварош потпиша и босанскиот напаѓач Мухамед Бешиќ, поранешен напаѓач на Евертон.

ПретходноЖолт картон, а стартот брутален!
СледноМихајловиќ за дебаклот од Интер: Ние игравме, тие погодуваа, а можеа да ни дадат 10 голови!