Мајк Џејмс се врати во Европа и тоа во редовите на Монако. Американецот доби рекорден договор вреден 1,4 милиони евра по сезона, со што ќе стане најплатениот играч во францускиот шампионат.
Тој поради проблеми со управата на ЦСКА Москва беше суспендиран во јануари по што во пролетниот дел настапуваше во НБА-лигата во дресот на Бруклин.
Џејмс во кариерата настапуваше и за Панатинаикос, Њу Орлеанс, Феникс, Басконија, Хапоел, Загреб и Олимпија Милано.
🛬 𝓜𝓲𝓴𝓮 𝓙𝓪𝓶𝓮𝓼 𝓲𝓼 𝓲𝓷 𝓽𝓸𝔀𝓷 🏡🇲🇨 @TheNatural_05 pic.twitter.com/nlGKPEoU6x
— AS Monaco Basket (@ASMonaco_Basket) September 17, 2021
ФОТО: ASMonaco_Basket/twitter